Реклама
Нега и здравје

Бременоста по 35-тата не само што е сосем ОК, туку е и пожелна

Реклама

Истражувањата покажаа дека жените кои ќе се породат по 40 се со поголема веројатност дека ќе живеат до сто години во однос на оние што родиле порано.

Кога пејачката Кери Андервуд ќе ја отвори устата, луѓето обрнуваат внимание, не само поради нејзиното пеење, туку и поради она што ќе го каже. Имено, познатата пејачка во едно интервју за „Redbook“, изјави дека таа и нејзиниот сопруг Мајк Фишер можеби ја пропуштиле својата „шанса да имаат големо семејство” и на нејзиниот синда му подарат брат или сестра, бидејќи има 35 години и додаде дека планира да ги истражи сите опции, вклучувајќии и посвојување.

Маркетинг

Многумина веруваат дека таа погрешно се изразила. Имено, истражувањата покажаа дека на 35 години не е премногу доцна за деца, што беше докажано и од Андервуд, која по некое време по тоа интервју објави дека е бремена со второ дете. Таа го роди малиот Јакоб Брајан Фишер пред еден месец.

Маркетинг

Посвојувањето на децата е добар избор, велат експертите, но неодговорно е да ги оставите жените да мислат дека не можат да имаат деца по 35 години.

„Нормално е да се грижиме за бременоста на постари години, но жените се генерално здрави и можат да имаат деца. Дури и покрај проблемите со плодноста, постојат начини кои помагаат во зачнување како на пример асистирана репродукција, донатор или сурогат мајка ”, вели д-р Џули Фрага, специјализирана за репродуктивното здравје на жените.

https://www.instagram.com/p/BsGqlkqgp_L/?utm_source=ig_embed

 

Се верува дека пораката на Андервуд всушност била одговор на верувањата кои постојат во некои култури, а според кои жените над 35 не можат да се справат со деца. Но дека тоа не е вистина, потврдуваат некои интересни податоци.

Дали бременоста по 35 години навистина е толку ризична?

Според Националниот центар за здравствена статистика, жените во четириесеттите години се најбрзо растечка група на жени кои решаваат да имаат деца.

Како се продолжи животниот век на човекот, така и репродуктивната возраст исто така се зголемила. Жените кои подоцна одлучиле да имаат бебе, всушност го следат овој тренд за кој се верува дека ќе порасне во иднина.

Жените поради тоа живеат подолго

Истражувањата покажаа дека жените кои ќе родат по 40 имаат поголема шанса да доживеат 100 години во однос на оние што родиле порано.

 

Децата родителите ги одржуваат млади

Истражувањата покажуваат дека гледањето на животот преку очите на сопствените деца им помага на родителите да живеат подолго, посреќно и побезгрижно.

Затоа жените можат да бидат посреќни

Во сè поголем број литератури се споменува дека најсреќните родители се оние кои се во четириесеттите години.

Жените кои раѓаат подоцна можат да станат попаметни

Една студија објавена во списанието „Јournal of the American Geriatrics Society“, која беше спроведена кај жени над 35 години, покажа дека жените имаат корист од хормоните кои се лачат за време на бременоста, бидејќи тие дејствуваат врз мозокот преку стимулирање на решавање на проблемите, размислување и на меморијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button