Бременоста и годи – сопругата на Ѓоко Јовиќ реши да го покаже ТРУДНИЧКОТО МЕШЕ. Таа блеска, а пејачот е пресреќен!
Сопругата на еден од најбараните пејачи во Македонија го покажа трудничкото меше.
Неодамна најбараниот македонски пејач Ѓоко Јовиќ објави дека очекува четврто дете, а сега неговата поубава половина, Ивана позираше заедно со него и го покажа нараснатото трудничко стомаче.
Тој фотографиите ги објави по повод најава на настанот во ноќен клуб „Аватар“ после подолго време поради пандемијата со коронавирусот.
Ѓоко важи за посветен сопруг и татко и често објавува фотографии од неговото семејство, за кое вели дека е негово најголемо богатство.
Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга се горди родители на 3 деца, Теодора, Михаил и Јоан.
Неодамна со својата публика соопштија дека очекуваат принова, па го открија и полот на бебето.
Тој на својот фејсбук-профил покажа дел од забавата која неговата ќерка ја организирала и покажа дека бебето кое го чекаат тој и неговата сопруга Ивана ќе биде момче.
-Сакав да биде машко и многу и благодарам на Теодора за оваа радост, рече Ѓоко.
Имено тие направија мала забава за откривање на полот со балон кој заедно со неговата сопруга Ивана го пукнаа а од него излетаа сини конфети.
На малата забава присуствуваа и кумашините на Ѓоко и Ивана, но и нивните кумови, а сите беа пресреќни по откривање на полот на бебето.
Во интервју за „ММС“ Ѓоко призна дека со нетрпение го очекуваат новиот челен, а нетрпеливи и возбудени се и децата.
-Јас сум богат човек, децата се најголемото богатство. Уживаме кога сите сме дома заедно и секогаш ни е весело, многу пати досега рекол Ѓоко, кој за бракот со Ивана велат дека им е совршен.
Љубовта кон сопругата ја покажа и со тоа што сними песна посветена на неа.
-Ивана која секогаш ми е најголемата поддршка за сè што правам, и која ми е најголемата причина за среќа со тоа што ми подари три дечиња, рече Ѓоко.
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ