Полицаецот од Њу Џерси и го разубави денот на бремената келнерка со порака на сметката и бакши од 100 долари.
Таткото на келнерката, Брајан Кадиган, реши оваа приказна да ја сподели на Фејсбук и ги воолдушеви корисниците на социјалните мрежи.
Кадиган ја објави фотографија со сметката и така ја започна приказна за полицаец кој влегол во ресторанот “Ламп пост ресторан” во Глостер, каде што неговата ќерка работи како келнерка.
„Мојата ќерка е келнерка во еден локален ресторан. Таа е во 7 –иот месец од бременоста, но се уште работи за да заштеди пари”, објасни тој. Полицаецот дошол сам на ручек, а кога заминал, таа видела дека и оставила 100 долари за сметка од 9 долари и напишала убава порака на сметката.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215998520889274&set=a.1763091270503&type=3&theater
„Уживај во своето прво, тоа никогаш нема да го заборавиш”, и порачал полицаецот на келнерката.
„Колку прекрасна личност, тој остави голем бакшиш и убава порака. Не ве познавам, но ја расплакавте мојата ќерка и и ја разубавевте годината.“
„Ви благодарам, јас секогаш сум имал голема почит кон полицајците, но со овој гест вие покажавте дека не сте само полицаец туку прекрасно човечко суштество. Бог нека ве благослови “, пишува таткото на келнерката.