Реклама
Вирално

Бремена жена дошла од Куманово во Скопје да најде венчаница, но продавачката била толку арогантна што не и дала ни да ги проба

Реклама

Бремена жена од еден град од внатрешноста на Македонија побарала за својата венчавка да проба венчаница во еден од реномираните скопски бутици, но не и дозволиле со образложение дека ќе им ги рашири фустаните.

Фото: Илустрација

Кога жената е во блажена состојба секојдневно налетува на некои нови препреки. Тоа посебно важи за држава како нашата, каде она што некаде е инцидент, кај нас едноставно како да станува правило. Па така заради сликата во македонското здравство, голем број жени во репродуктивниот период немаат одбрано матичен гинеколог, а голем број општини немаат ни пристап до лекар кој се грижи за нивното репродуктивно здравје. Покрај темната слика во нашето здравство, кое се наоѓа некаде помеѓу постмрачниот период и ренесансата, не ретко се случува и бремена жена да ја изгуби својата работна позиција само затоа што е бремена, и за тоа никој да не одговара. Или да не и бидат платени неколку дена стаж, па бремената жена да го изгуби своето платено породилно отсуство. И додека укажуваме на сите овие неправилности со кои се среќаваме во општеството, тука и таму ќе се случат некои работи кои не можете со ниту еден закон да ги решите, а таков е случајот и со она што и се случи на оваа жена.

Имено, таа била во поодмината бременост и само сакала да проба венчаница во еден од реномираните бутици, па потоа да одлучи дали би ја купила. Но продавачката наводно ја одбила, со образложени дека нивните фустани не се за „крупни“ девојки и дека би можела да ги рашири.

Маркетинг

Откако го слушнавме ова, првото нешто што ни падна на памет беше до кој месец од бременоста е дозволено во таа продавница да се испробува облеката? И зошто тоа не го напишат на излогот, па да знаеме со што и со какви луѓе си имаме работа?! На пример, доколку сте во петти месец од бременост, не сте пожелни во нашиот бутик. Освен ако не сте ќерка на премерот. Или на братот на премиерот. Или не дај боже, бремена сте од него. А што правиме на пример со оние жени кои во петтиот месец се покрупни отколку во деветтиот? Дали повторно би им прогледале низ прсти, но само ако почувствуваме дека нивните паричници крцкаат со евренца, за разлика од нашите во кои има повеќе фискални сметки од денари?! Зарем сето тоа ќе го дефинираме така што ќе оставиме во рацете на продавачката. Таа да одлучува. И тоа би било отприлика вака – доаѓа жена во поодмината бременост, со вишок килограми и поголем обем на стомакот, но инстинктот на продавачката и кажува дека таа нема да го купи фустанот што го разгледува, па продавачката со своите натприродни моќи ја оценува жената како непосакувана муштерика, за која е сигурна дека нема да го купи фустанот, и не и дава да го проба. Едноставно, нејзина работа е да ги заштити фустаните, а и нејзината газдарица тоа го очекува од неа. Во спротивно ќе добие отказ. Таа е некултурна и на „непожелната“ бремена жена и дава до знаење дека не сака да ја услужи, односно дека не и е место во нивниот бутик. На секое нејзино прашање крева со рамениците и покажува израз на незаинтересираност на нејзиното штуро лице.

Фото: Илустрација

Па зарем е можно и ова да се случува? Според идната мајка од почетокот на овој текст, тоа се случило и тоа кај нас. И сега ние се прашуваме која е таа газдарица што на својата вработена и дава за право да се однесува вака кон бремените жени? И зарем таа некогаш била мајка и дали во иднина планира тоа да биде? Или за неа „обичните“ луѓе се толку обични што не заслужуваат да дишат од воздухот во нејзиниот бутик, а камо ли да се дрзнат да блеснат во нејзините креации?!

Маркетинг
Фото: Илустрација

Револтирани од оваа приказна јас и колешките решивме да си ја пробаме среќата и да видиме што ќе се случи. Се јавивме во неколку познати бутици за венчаници во Скопје, и уште во толку во помалите градови низ Македонија. Сите ги прашавме дали можеме да дојдеме, иако сме во поодмината бременост, и да ги пробаме фустаните. И дали вишокот килограми би преставувало некој проблем. Сите се чудеа зошто воопшто ги прашуваме за тоа. Повеќето од нив ни кажаа дека можеме да дојдеме во било кое време и да пробаме што сакаме. Некои дури и инсистираа да дојдеме бидејќи имале нешто специјално токму за жени како нас. Ни кажаа дека нема никаков проблем, а на прашањето дали се плашат дека можеби ќе им рашириме некој фустан, тие најпрво беа шокирани што воопшто ги прашуваме нешто такво, а потоа ни кажаа дека во секое време можеме да дојдеме и да најдеме венчаница каква сакаме. Кога им кажавме дека една наша пријателка имала проблем во еден бутик во Скопје, тие се зачудија и ни кажаа дека кај нив тоа не е практика и дека прв пат слушаат за нешто такво. Но и дека понекогаш некои продавачки знаат да бидат арогантни кон своите муштерии, но и дека градот е мал и таквото однесување брзо ќе биде санкционирано. И дека никој нема право така да се однесува, како и тоа дека муштеријата е секогаш во право, па дури и кога греши. И посебно ако тој муштерија е една бремена жена, која носи живот во себе…

Им поверувавме, но и заклучивме дека навистина е одвратно вака да се однесувате кон бремена жена!

Но, не има секакви…

David’s Bridal Beaded Cap Sleeve Long Jersey Maternity Dress, $230

Во продолжение погледнете и неколку венчаници за бремени невести за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.

Tiffany Rose Maternity Liara Lace Gown Long, $425

И кои НЕМА да се рашират…

Séraphine Ivory Silk & Lace Maternity Wedding Gown, $549
Séraphine Ivory Multi-Way Grecian Wedding Gown, $419
Tiffany Rose Maternity Evie Lace Gown Long, $630
Envie de Fraise Maternity Dress — Romaine Tank, $155
Tiffany Rose Maternity Chloe Lace Dress Short, $240
Chi Chi London Maternity All Over Lace Midi Dress, $111
Séraphine Luxe Ivory Lace Trim Dress, $315
Séraphine Blush Silk Chiffon Maternity Dress, $275

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button