Бремената Шехерзад откри како ќе се вика нејзината наследничка – погледнете колку е среќен Онур што ќе добие женско дете
Познатите актери уживаат во својот сеемеен живот
Турската актерка Бергузар Корел треба да се породи за неколку недели, а како што самата откри неодамна, носи девојче.
Таа пред неколку дена организираше прослава за подароци за бебето на која откри дека ќе ја вика Лејла.
Турскиот актерски пар Бергузар Корел (38) и Халит Ергенч (50) во нашата земја се познати по улогата на Шехерзад и Онур во серијата 1001 ноќ.
Нивните романтични улоги во популарната серија придонесоа парот да се вљуби и во вистинскиот живот, па така денес тие уживаат во нивниот семеен живот заедно со нивните двајца синови, Али и Хан.
Оваа пролет убавата Шехерзад дозна дека повторно е во блажена состојба, и тоа за време на снимање на нова серија.
Познатиот пар посебно беше радосен кога дозна дека по двајцата синови ќе добијат женско дете.
Познатата турска актерка овој пат објави неколку фотографии од прославата со кои можеме да видиме како изгледа со трудничкиот стомак, но воедно откри и како ќе се вика нејзината наследничка.
Имено таа направи популарна „baby shower“ прослава која е хит во Америка и која се организира неколку недели пред породувањето.
Во прашање е американски обичај на кој што познатата турска актерка соопшти дека нејзината ќерка ќе се вика Лејла.
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел