Бремената Шехерзад никого не остави рамнодушен со новите бајковити фотографии – конечно откри и како ќе се вика девојчето

Бремената турска актерка брои ситно до породувањето и одвај чека и по трет пат да се оствари во улога на мајка.

Бремената Бергузар Корел наскоро треба да се породи, а како што самата откри неодамна, таа носи девојче.
Шехерзад е возбудена што по двајцата синови ќе добие ќерка со која ќе ја „засилат“ женската страна во семејството.
И бидејќи бебето наскоро треба да пристигне, очекувано беше и организирање на прослава за подароци, а од фотографиите можеме да видиме дека идната мајка не се штедела во организирањето на овој важен ден.
Имено својата бескрајна радост и како изгледаше бајковитата декорација Шехерзад сама ја сподели со фановите.

Бремената Бергузар не ја тргаше насмевката од лицето, па можеме да заклучиме дека настанот поминал во одлично расположение.

Откако се дозна дека тие повторно ќе станат родители, јавноста нестрпливо чекаше да дознае и како ќе се вика девојчето.

Убавата Шехерзад тоа го откри неодамна кога објави фотографија со Онур и со пораката Утринско кафе со Лејла.

Интересно е и тоа што Бергузар името за својата ќерка го смислила уште додека била во својата втора бременост.
Таа мислела дека носи девојче, но ултразвукот покажал дека е машко, па името го сочувала надевајќи се дека еден ден ќе стана и горда мајка на преслатка Лејла, и ете, по неколку години нејзиниот сон и се оствари.

Бремената мама ужива покрај морето
Корел неодамна ги воодушеви своите бројни фанови и кога објави фотографии со својот стомак до забите.

Таа беше на заслужен одмор заедно со своите телохранители – сопругот Халит Ергенч и синовите Али и Хан.

Тие беа сместени во луксузниот хотел „Caresse“ во Бодрум, турското Сен Тропе, а како изгледаше бремената актерка во костим за капење погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
