Помладата сестра на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон, има беспрекорен стил, а тоа ни го покажа и со ова издание.
Имено, иако медиумите не беа милосливи кон неа поради зелениот цветен дезен што го носеше на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари, Пипа досега безброј пати ни докажа дека има стил, па не чуди што модните критичари ја ставаат меѓу најдобро облечените Британки.
Пипа која е позната по нејзиниот здрав начин на живот, низ Лондон се прошета во комбинација со која предизвика внимание. Таа едноставното дневно издание составено од карирани панталони и сако во сина боја го заокружи со рамни обувки во нијанса слична со сакото, мала црна чанта и модерни очила за сонце покажувајќи ни уште една комбинација која и стои одлично на бременоста.