Реклама
Холивуд

Бремената Меган се прошета во фустан кој чини помалку од 2000 денари

Реклама

Меган Маркл не штеди на облека, а британската јавност беше изненадена кога беше објавено дека минатата година војвотката од Сасекс за облека потрошила повеќе од 400.000 евра.

Можеби сега Меган  со оваа комбинација реши да покаже дека нема проблем да носи и евтини улични брендови.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BsswfFcFiOy/

На фотографијата може да се забележи дека Меган носи фустан во беж боја кој чини околу 30 евра. Тоа е фустан на шведскиот моден гигант „Х&М“, наменет за трудници.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BssvtdRlzRn/

 

Меѓутоа, во комбинацијата што ја носи новопечената војвотка палтото е Армани, чевлите на Меноло Бланик и чантата е од омилената британска дизајнерка Стела Макартни, што значително ја зголеми цената на целиот стил.

https://www.instagram.com/p/BstZuYWFQDL/

Воедно вечерта кога му се придружи на принцот Хари на забавата во Ројал Алберт Хол, таа носеше елегантен светкав фустан со потпис на францускиот дизајнер Роланд Муре кој чини повеќе од 5.000 евра.

https://www.instagram.com/p/Bstkf51l_wh/

 

Се чини дека тешко ќе може да ја замени Кејт Мидлтон, која обичните жени ја копираат, бидејќи често рециклира облека и носи исти комбинации во различни официјални прилики (па дури и за свадба на Хари и Меган). Ние често ја гледаме во фустани со пристапни цени, а позната е по тоа што со години носи чевли кои чинат само 6.500 денари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button