Бремената Луна и нејзиниот сакан го изговорија судбоносното „ДА“ – НАМЕСТО ВЕНЧАНИЦА носеше црн фустан и патики
Пред неколку дена како бомба одекна веста дека Луна Џогани и Марко Миљковиќ закажаа тајна венчавка.
Тие сакаа да застанат на лудиот камен далеку од очите на јавноста, а Луна се огласи и изјави дека во јавноста кружат погрешни информации. Таа тогаш откри дека радо ќе го споделат со фановите датумот на венчавката.
Но, очигледно дека поранешната задругарка се предомисли и реши да заплови во брачните води во тајност.
Сепак, будното око на папараците го забележа одењето на Луна и Марко пред матичарот.
Познатата ријалити ѕвезда носеше црн фустан и бело сако за оваа пригода, што ги изненади сите. Имено, многу девојки сонуваат дека ќе се омажат во бел невестински фустан, што очигледно не е случај и со Луна.
Марко носеше спортско-елегантно црно издание, а венчавката беше интимна, само со кумовите.
Инаку, Луна во една пригода зборувајќи за еден портал откри разни работи од нејзиниот живот, но и за нејзината вероисповед.
Луна тогаш зборуваше колку е тешко што е раздвоена од својот татко Гаги, но и за советите што ги добивала од мајка и Анабела.
Таа реши конечно да стави точка и на приказните околу нејзината вероисповед. Бидејќи таа е дете од мешан брак, од тако муслиман и мајка православка, прашањето за нејзината вероисповед постојано е предмет на интерес на јавноста, а таа репи конечно да стави точка на дилемата.
„Верувам во Бог. Бог е еден. Како мала не сум крстена, а отсекогаш сум сакала да одам во црква“.
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани