Нашата позната манекенка во 100 % природно издание
Катарина Ивановска е вистинска убавица, па и кога нема ни грам шминка на своето лицето изгледа неодоливо. Тоа можевме да го видиме и од една од нејзините последни фотографии што манекенката ги објави на Инстаграм.
Имено, Катарина објави „селфи“ на кое позира без шминка, со коса врзана во несредена пунџа.
Инаку, нашата позната манекенка имаше лудо и незаборавно лето иако е во блажена состојба.
Таа и покрај бременоста се уште е во топ форма, а тоа можеме да го видиме и од фотографиите што редовно ги објавуваше во текот на летото на својот профил на Инстаграм.
Еве некои од нив:
Таа редовно објавува и фотографии на кои во преден план е нејзиниот труднички стомак, а нејзините пријатели и обожаватели под секоја од нив и пишуваат коментари и и’ даваат бројни комплименти на сметка на нејзиниот се уште неверојатен изглед.
Катарина која е во деветтиот месец од бременоста неодамна откри дека ќе роди ќерка и дека девојчето ќе се вика Кира, по нејзиниот татко Кире Ивановски. Таткото на Катарина е поранешен ракометар кој играл за „Вардар“ и за репрезентацијата на Југославија.
Познатата манекенка, која неодамна го прослави 31. роденден, со сопугот Цобе го имаат двегодишниот син Вања.