Бремената Бојана и Мирко пристигнаа на семејната слава во Тител – НЕЈЗИНОТО ДEKOЛТE во преден план, еве што носеше!
Бремената Бојана Родиќ и синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан, пристигнаа на Ѓурѓовден во Тител каде нејзините родители ја прославија славата.
Тие дојдоа сами, а некое време по нив дојде и мајката на Мирко, Гоца Божиновска заедно со неговата сестра.
Бојана блескаше во блажена состојба, а за оваа пригода избра едноставна деколтирана кошула со леопард дезен.
Нејзиниот партнер пак носеше опуштено издание – фармерки и бела маичка, баш како и секој ден.
Да потсетиме, Бојана и Мирко од пред неколку месец живеат во нивната семејна вила во Сурчин, која неодамна ја реновираа и подготвија за доаѓање на бебето. Бојана би требало да се породи во август, а неодамна за медиумите открија дека ќе добијат машко дете.
Како изгледаше одбележувањето на славата во домот на Родиќ погледнете од фотографиите во продолжение.
Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот партнер Богдан Срејовиќ меѓу последните пристигнаа на прославата.
Фолк дивата како и секогаш ги испочитува обичаите и донесе подароци, но и голем букет со цвеќе, пишува „Телеграф“.
Ова е прв пат во семејната куќа на сестрите Родиќ да се сретнат Цеца и Гоца Божиновска кои сега се и во роднинска врска со Даниела и Богдана.
Фото: Принтксирн/ Инстаграм
Фото: Принтксирн/ Инстаграм
Фото: Принтксирн/ Инстаграм
Фото: Принтксирн/ Инстаграм
Фото: Принтксирн/ Инстаграм
Фото: Принтксирн/ Инстаграм