Бред Пит ја ќари сопругата на својот најдобар пријател: Еве како се случи романсата со која убавицата го загрози својот брак
Срцето на холивудскиот заводник Бред Пит (56) го освои преубавата германска манекенка Никол Потуралски (27), но, како што пишуваат странските медиуми таа е мажена.
Имено, како што пишуваат медиумите убавата Никол наводно и натаму е во брак со извесен Роланд Маријем во чиј ресторан се запознале менакенката и актерот.
– Бред Пит ја запознал Никол минатата година во ресторанот „Боршард“ кој е во сопственост на Роланд. Актерот во тој ресторани доаѓал со години, а Роланд веќе одамна го познава. Никол му го дала својот број на телефон и штом се запознале почнале љубовна врска, наведува пријателка на манекенката.
Никол и Роланд имаат син Емил кој има 7 години, а Мари не сакал да ја коментира врската на својата сопруга со актерот.
– Не го интересира ниту негативност, ниту љубомората. И натаму се венчани, а таа врска може да се опише како отворен брак, вели пријателка на Никол Потуралски.
Приказната за нивното запознавање е многу возбудлива и интересна. Бред ја запознал Никол во август 2019 година, во текот на промоцијата на филмот „Беше еднаш во Холивуд“ во Берлин, каде што живее манекенката.
https://www.instagram.com/p/CC0xBeiqrvm/?utm_source=ig_embed
Пред 10 години двојниот оскаровец се запознал со сопругот на Никол, 68-годишниот Роланд кој е сопственик на скап ресторан во центарот на Берлин. И одлучил повторно да се види со стариот пријател.
Овој пак покрај Роланд се појавила и неговата млада сопруга, а Бред бил фасциниран од преубавата бринета и цела вечер разговаал со неа. Неколку недели подоцна, топ моделот дошла во Лос Анџелес на фотографирање и на концерт на Канје Вест кој бил во ноември 2019 година.
Година дена подоцна, Бред Пит и Никол Потуралски станаа официјално двојка и моментално се одмараат во луксузниот замок Миравал на југот од Франција кој во 2011 година го купи заедно со поранешната сопруга Анџелина Џоли и во кој се венчаше со неа.