33 годишната манекенка Ирина Шајк и нејзиниот поранешен партнер, 11 години постариот актер, Бредли Купер, повторно беа видени заедно.
Како што пренесуваат странските медиуми, причината што беа забележани повторно заедно е нивната ќеркичка Леа Ди.
Имено, фотографите ги забележаа поранешните партери додека се шетаат заедно низ Њујорк во друштво на малото девојче.
Како што објавија странските медиуми, малата Леа прво се шетала со нејзиниот татко, а потоа остатокот од денот го поминала со мама.
Да потсетиме, откако Бредли и Ирина се разделија, многумина претпоставуваа дека манекенката го оставила заради неговиот близок однос со пејачката Лејди Гага со која заедно го снимија филмот „Ѕвездата е родена“.
Но овие информации досега никој од нив не го потврди, но исто така не ги ни демантираа, ниту пак ја открија вистинската причина за нивната разделба. Во месеците што следуваа Ирина ја поврзуваа со различни мажи со кои се појавуваше во јавноста, а најновиот е непознат маж со кој пред само неколку дена, видно расположена, се шеташе низ Њујорк.