Брачниот пар Бибер се појави на насловната во новиот број на популарниот магазин Вог
Хајли и Џастин на насловната страница позираат прегрнати, а таа е облечена во елегантна бела облека која наликува на венчаница украсена со блескави камења, додека тој ја соблече маицата и ги покажа своите бројни тетоважи. Во фокусот на насловната фотографија е и венчалниот прстен на Хајлин украсен со голем, блескав дијамант, кој е гламурозна варијанта на свршеничкиот прстен кој исто така се беше појавил на насловната страна на Вог.
https://www.instagram.com/p/BtlG0GNlNzy/
Фотографиите се снимени во Лос Анџелес, а во декември тие, исто така, беа фатени од папараците, па затоа во продолжение погледнете неколку од нивните последни фотографии од кои некои ќе се најдат и на внатрешните страни на овој познат моден магазин.
Тие во специјалното интервју откриваат и пикантни детали од нивниот заеднички живот.
„Бракот е многу тежок”, рече Хајли, и призна дека веќе одат на терапија за парови, а ја открија и причината заради која решија да се земат по само четири месеци врска.
Имено, како примерни христијани, Џастин и Хајли се чуваа за брак, а кога на Џастин му здосади од чекање, отрчаа да се регистрираат кај матичарот. Тие во моментов планираат голема свадба во црква која беше првично закажана за крајот на јануари, но сепак одлучија да ја одложат.
https://www.instagram.com/p/Btl81-GFPsG/
Новиот датум е сè уште непознат за јавноста.