Вести

Брачен пар од Грац отишол на меден месец во Грција, нивните безживотни тела биле пронајдени на брегот: „Таму ги кажале заветите…“

Advertisement

Михаела и Филип Гош, двајца 35-годишници од Грац, Австрија, починале за време на медениот месец во Грција, потврди ДНК анализата, соопшти австриското Министерство за надворешни работи.

Бурата Даниел, која на 6 септември го зафати одморалиштето Потистика, ја однесе викендицата во која престојуваше парот.

Advertisement

Танасис Самарас, сопственикот на куќата, претходно изјави дека мажот и жената се од Грац. Иако парот не беше именуван, австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека ДНК тестот го потврдил нивниот идентитет.

„Со длабока тага мораме да ја потврдиме смртта на двајца австриски државјани во Грција“, рече портпаролот на австриското МНР.

„Споредбата на профилот на ДНК сега го потврди идентитетот на двете исчезнати лица. Во овие тешки моменти, им изразуваме најдлабоко сочувство на семејствата и на загинатите“, додаде тој.

Тој истакна дека персоналот на австриската амбасада во Атина им пружил поддршка на роднините на двојката, јавува Би-Би-Си.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека неговата земја се соочува со „војна во мирно време“.

„Во период од две недели го доживеавме најтешкиот шумски пожар и најлошите поплави во нашата историја“, рече тој.

Во поплавите загинаа 15 лица, а илјадници се во привремени засолништа или кај роднини.

Сопственикот на викендицата раскажа како австриската двојка решила да се засолни во бунгаловот што го изнајмиле за нивниот меден месец додека обилните дождови ја зафатија централна Грција. Тој тврди дека тој и другите гости отишле на височина и ја советувал двојката да го стори истото.

„Ситуацијата беше многу лоша. Многу е тешко да се одлучи што да се прави во такво време“, се сеќава тој.

Научниците предупредија дека глобалното затоплување значи дека повеќе вода испарува во текот на летото, што доведува до поинтензивни бури. Инаку, Грција речиси цело лето се бори со разорни пожари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button