Ликовниот уметник Димитар Младеновски, почина на 36 годишна возраст. Пред 17 се случи оваа трагедија за семјството Младеновски.
Петар (Пеце ) од Суперхикс никогаш јавно не проговорил за ова, за смртта на неговиот постар брат. Тој низ годините правел бројни изложби од делата кои Димитар ги оставил зад себе. И вели дека има уште многу што да се прикаже од неговите црежи. Тој во емисијата „Телма амбуланта“ најави дека планира да прави и понатаму изложби во негова чест.
– За нас тоа беше огромна загуба, овие 17 години живееме со спомените за него. Брат ми се разболе, доби тумор на мозок и се мачеше две години, тој период за нас беше пекол, на моменти ќе признаам посакував само да се спаси, колку и да звичи тоа болно и колку и да некој не ме разбере. Јас сум убеден дека брат ми почина поради лекарска грешка. Долго време се лекуваше од психички растројства, за потоа да се покаже дека од тоа немало потреба, тој имал тумор – вели Пеце.
Брат ми почина на ден пред да загине Тоше Проески – додава пејачот.
Тој се присети дека неговиот брат бил многу друштвен, често сакал да излегува по скопските локали и да се дружи со луѓе, редовно правел и забави дома.
– Јас бев многу мал и можев да присуствувам на тие забави само доколку служам пијачки – вели Пеце.
Трагедијата која се случила во нивниот дом на некој начин се залекувала кога се родил првиот син на Пеце.
– Никола се роди една година по смртта на брат ми и мислам дека неговото доаѓање на свет ги остави во живот моите родители, донесе светлина во нашите животи. Чудно е што Никола многу наликува и потсетува на брат ми, црта и учи во средното ликовно – раскажува тој.
Доколку сакате да дознаете повеќе погледнете го видеото:
–