Наши ѕвезди

Бракот на Карлеуша се распаѓа? Душко допатува од Кина за нејзиниот роденден, но овие фотографии ја откриваат вистината?

Advertisement

Карлеуша на својот Инстаграм објавува моменти од своето летување, но на ниту една фотографија не е заедно со нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.

Advertisement

Познатата пејачка е на одмор со својот сопруг Душко Тошиќ во Опатија, заедно со нивните ќерки Атина и Ника. Тие се на гости како директорот на Гранд продукција, Саша Попови, во неговиот луксузен стан.

Карлеуша на својот профил на Инстаграм објавува фотографии од летувањето, но на ниту една од нив не е заедно со Душко. Тој исто така сподели фотографии од Опатија, но и тој на нив е без својата сопруга.

Advertisement

Сепак, Јелена неодамна сподели фотографии од нејзиниот 41 роденден на кои се наоѓа и Душко, кој за таа пригода допатува од Кина и со своите ќерки и донесе вреќа со подароци. Пејачката за српските медиуми изјави дека не ги отворила подароците пред роденденот.

Инаку, Јелена и Душко веќе подолго време не се следат на социјалните мрежи, а ситуацијата кулминираше откако јавноста дозна дека Карлеуша го изневерувала со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.

Поради тоа, медиумите и јавноста заклучија дека дојде крајот на нивниот брак. Почнаа да кружат гласини дека Душко поднел барање за развод, а Јелена тоа го демантираше, додека Душко не сака ништо да коментира.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button