Големо браво за овие Македонки, браво за нивниот подвиг – неколку фотографии од нивните телефони што ќе ви го разубават денот!
Тие се нашите херои на денот!
Шест планинарки од Штип се искачија н врвот Брaјтхорн на 4.164 м. на швајцарските Алпи!
Брајтхорн е планински масив од Пенинските Алпи со врв кој го носи истото име и кој се наоѓа на границата помеѓу Швајцарија и Италија. Лежи на главниот масив на Алпите, некаде на половина пат помеѓу Матерхорн и Монте Роса. Поголемиот дел од масивот е под мраз и на него се наоѓаат повеќе пониски врвови кои се наоѓаат источно од главниот врв.
Експедицијата беше во организација на Друштвото на планинарски спортови Лисец – Штип, а на Брајтхорн од женската екипа се искачија штипјанките Вишна Шорова-Ангелова, Снежана Наковски, Бисера Димитрова, Билјана Спаскова, Кристина Сандева и Атанаска Ристова, со логистичка поддршка од: Трајче Алексов, Кирил Стојанов, Милорад Ангелов и Тоше Ристов.
Ова беше уште една од успешните експедиции на штипските планинари од планинарското друштво Лисец и екипата Колоритни, а искуството на членовите на експедицијата ќе им послужи за нови и уште поголеми предизвици. Тие воедно имаа прилика и да се запознаат и со начинот на функционирање на светското планинарење и алпинизам како и организацијата на планинарскиот туризам кој во Алпите има традиција подолга од 200 години.
Како изгледаше оваа нивна авантура, погледнете во галеријата што следува…
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива