Имаме добри вести! Според едно неодамнешно истражување, постои една боја која не смао што ве прави посекси, туку исто така кога ја носите делувате и попаметно. Исто така оваа боја ве прави послаби, безвременска е и одлично можете да ја комбинирате. Станува збор за црната боја.
Многу пати сме прочитале дека на мажите најлесно ќе им паднеме во очи ако се облечеме во црвено, но изгледа дека сега црната стана нова црвена, дури и кога е во прашање привлечноста. Според едно истражување на една британска компанија, која анкетирала повеќе од 1000 личности, 45% од нив се изјасниле дека црната боја е поврзана со самодоверба, интелигенција и привлечност. На последно место била розевата боја за која се изјасниле само 5%. Истражувањата исто така покажале дека жените со задоволство би сакале да гледаат мажи во црно.