Реклама
Интервју

Бојана Скендеровски: „Мајчинството ме направи најкревка и најмоќна во исто време“

Реклама

Бојана Атанасовска од преку неколку години Скендеровски кон крајот на минатата година се врати на музичката сцена со нов сингл насловен „ Круна“. Таа е сопруга и мајка на две деца, ќерката Искра и синот Ѓорѓи кои се појавуваат во нејзиниот последен видео запис. За тоа колку и како ја промени мајчинството, што правеше изминатиов период, но и што следно ќе очекува публиката од Бојана прочитајте од интервјуто….

Што прави Бојана во моментов?

Во моментов ја подготвувам својата нова песна заедно со Николче Мицевски, по Круна, ветивме дека за многу кратко време ќе следи нова песна од истиот тим. Паралелно спремаме и еден акустичен видео концерт заедно со неколку мои колеги, со песни од сите жанрови.

Колку и како ве промени мајчинството?

Мајчинство ме комплетираше целосно, создаде една нова димензија од мене, го извади најдоброто и најсилното во мене, ме направи и најкревка и најмоќна во исто време.

Маркетинг

Може ли вашите деца да се замимаваат со музика и да тргнат по стапките на мама?

Се е возможно,но тие се сеуште многу мали за да знам дали имаат афинитети. Искра има 3 години, а Ѓорѓи 1,5 година, јас би сакала ако го сакаат ова, да го прават со љубов, но тука сум за се што ќе одберат да прават во животот. Mојата улога како мајка е да ги подржам и да им помогнам да ги остварат своите соништа.

Тешко ли беше да си ја вратите одличната физичка линија после породувањето?

Не беше едноставно воопшто, особено што во моите бремености накачував многу килограми вишок и двете бремености беа една по друга….

Маркетинг

За секој резултат во животот мора да има жртвување, вложување, труд и многу откажувања…

Бев неколку месеци на балансирана исхрана, физички поактивна и користев Мадеро антицелулитни масажи.

Ви недостасуваше ли музиката и настапите во овие години?

Многу ми недостасуваше музиката и настапите, особено во последнава година кога сето тоа ни е забрането, кога сте уметник, музичар, да ви биде скратено тоа што сте вие е исто како да ставите птица во кафез. Таа има и да јаде и да пие, но не е среќна, затворена е….така е и со оваа работа,ако не музицирате едноставно не сте исполнети.

Јас едноставно последниве години морав да направам пауза, затоа што морав да се остварам во најважната животна улога, а тоа е мајчинството, но не се каам, за да ги добијам своите деца би направила уште два пати по толку.

Што знае да ви го разубави денот?

Едноставни работи ми го разубавуваат денот, но најчесто Искра и Ѓорѓи ми го разубавуваат денот, особено кога не пречекуваат уште од врата затрчани да не гушнат, да ни проверат по ќеси дали сме донеле нешто за нив и да не тераат да ги носиме некаде на прошетка.

Како го негувате вашето лице? Дали можеби имате бјути рутина што ја повторувате секое утро?

Со години наназад истата рутина ја практикувам,чистење со мицеларна вода, нанесување серум витамин Ц и дневна крема…Никогаш ама баш никогаш не легнувам со шминка.

Кое е вашето мислење за пластичните операции?

Комплетно ги подржувам пластичните операции, сите тие кои се во мерките на нормалата и кои треба да ја зголемат вашата самодоверба, да ја истакнат вашата убавина, да надополнат некаде каде што е потребно и да направат да се чувстувате посреќни во вашето тело.

Сте размислувале ли за некоја друга професија во животот?

Честопати сум размислувала, но не сум пробала. Се некако мислам дека во оваа професија, како и се поврзано со оваа работа од јавниот свет сум своја на своето…Но никогаш не се знае и никогаш не вели никогаш.

Што најмногу ви недостасува во ова време на пандемија?

Ми недостасуваат собиранки со многу пријатели, ми недостасува близината која бевме принудени да ја изгубиме, ми фали публика ,контактот со неа…се што во моментов ни е забрането многу, многу ми фали.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button