Боркица Груевска го прослави својот 38 роденден – еве што прави денес СОПРУГАТА на поранешниот премиер на Македонија
Боркица Груевска, сопругата на поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, пред три дена го прослави својот 38 роденден.
Таа е успешна и образувана млада дама, а нејзините пријатели ја опишуваат како скромна жена и грижлива мајка.
Боркица му е втора сопруга на поранешниот премиер Никола Груевски, со кого се омажи на 10 мај 2007 година, една година откако летото 2006, на концертот на Брајан Фери во Охрид, прв пат се појавија заедно во јавноста. Нивната свадба беше организирана во мај 2007, во Холидеј Ин.
Боркица како дете живееше во Тафталиџе, каде порасна во семејниот дом на своите родители и нејзината сестра.
Таа ќе заврши правен, а во 2015 ќе стане магистер откако ќе ја одбрани својата магистерска теза на Филозофскиот факултет.
Нејзиното моминско презиме е Манчевска, а нејзините другарки од детството велат дека отсекогаш била скромна и тивка девојка.
Инаку, Никола Груевски беше првиот македонски премиер кој се ожени за време на својот мандат.
Боркица тогаш имаше 24 години, а Никола, кој е 12 години остар од неа – 36. На Груевски ова му беше втор брак.
Никола и Боркица првата ќерка Анастасија ја добија на 6-ти ноември 2007, а пак втората, Софија , на 4-ти февруари, 2010 година. И двете деца се родија во приватната гинеколошко – акушерска болница Систина, во Скопје.
Боркица тогаш беше русокоса и неколку години работеше како советничка во Секторот за меѓународна соработка во Комисијата за хартии од вредност. Таа и Никола, како пар, љубовта ја чуваа дискретно само за себе, па токму затоа и ретки беа моментите кога можевме да ги видиме заедно.
Што се однесува до нејзиниот изглед, можеме да кажеме дека и Боркица е една од оние жени на кои четириесеттите се нови деведесетти. Таа и денес изгледа речиси непроменето, како и пред 15-на години, и покрај сите проблеми низ кои помина откако нејзиниот сопруг ја напушти Македонија.
Никола денес живее во егзил во Будимпешта, а Боркица во нивниот стан во Скопје, заедно со ќеркичките.
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски