Холивуд

Борбата за здравје на Антонио Бандерас – „Не сакам да живеам како да сум мртовец!“

Advertisement

Антонио Бандерас поминува ни тежок период во животот.

Advertisement

Познатиот холивудски актер (и шармер) пред две години преживеа инфаркт. Иако на почетокот се чинеше дека проблемите со срцето не се сериозни, наскоро се покажа дека неговото здравје е поприлично нарушено.

„Го знаев тоа и порано, но тогаш многу јасно го видов тоа пред себе – смртта беше реална”, изјави тој за Гардијан.

Поради ова искуство, го промени својот живот.

Advertisement

„Престанав да пушам. Почнав да спортувам, ги пијам лековите препорачани од моите лекари. Мислев дека ќе работам помалку, но потоа решив дека нема, бидејќи ми недостигаше мојот живот”, рече тој.

https://www.instagram.com/p/BtMWku5gpLe/

 

„Понекогаш ќе се пожалам дека морам да застанам и да се одморам, но по два дена жив ќе се изедам“ призна тој, додавајќи дека заморот бил неизбежен придружник во неговиот живот. „Мојата природна состојба сега е постојан замор, но добро се снаоѓам со тоа”, вели познатиот актер и додаде: „Не сакам да живеам како да сум веќе мртов, сакам да живеам, а ако умрам, тоа е тоа.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button