Бомбакис „рипна во тавче“ – невестата како принцеза, младоженецот со овој детаљ го украде шоуто
И невестата и младоженецот блескаа од среќа
Познатиот македонски инфлуенсер Кристијан Станковски попознат како Бомбакис денес зачекори на лудиот камен.
Бомбакис кој е познат по неговите пораки што ги пишува на картони и веста дека ќе се жени ја објави на овој начин.
Имено, тој објави фотографија на која седи во своето свадбено издание, а во рацете држи картон на кој пишува:
„Ете мајко решив да се женам“.
Тој објави и заедничка фотографија со неговата избраничка Вики Дојчиновска која изгледаше како принцеза во венчаницата.
Облечен во необично сако со цветен дезен, бела кошула и беж панталони тој блескаше од среќа Вики му се заколна на вечна љубов.
Инаку, Бомбакис својата сакана ја запроси минатиот септември, и секако дека тоа го направи преку неговите картони.
Имено, Бомбакистогаш клекна пред неа со картон во рацете на кој пишуваше „Ај сега кажи си да“, не давајќи ѝ многу избор на саканата.
И додека таа со неверување гледаше во она што се случува, тој го извади прстенот и ја запроси на плажата.
Како изгледаше и овој незаборавен момент на момчето со картоните погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
Фото: Инстаграм/ Бомбакис
Фото: Инстаграм/ Бомбакис