Некогашната македонска манекека и Мис Македонија сподели емотивна порака посветена на нејзиниот покоен татко.
Натали скршена од болка јавно му го честиташе роденденот на својот татко, кој повеќе не е меѓу нас.
Кон крајот на минатата година, семејството Грубовиќ доживеа голема тага.
Згасна животот на главата на нивното семејство, примариус доктор Милош Грубовиќ.
Веста за загубата ќерките на Милош ја споелија на социјалните мрежи.
Неговите три ќерки се вистински убавици, а Натали е единствената која одлучи да се занимава со јавна професија.
Некогашната манекенка и поранешна Мис Македонија, Натали Грубовиќ голема популарност стекна во времето кога заедно со Игор Џамбазов водеа Бинго.
Бингото тогаш беше најпопуларната емисија во земјава, благодарение нс шоуто кое го правеа тие двајца.
Денес таа живее далеку од очите на јавноста и остварена е и како мајка.
Натали живее во Србија, заедно со својот сопруг и ќерката која се вика исто како неа.
Дека убавината во нејзиното семејство е наследна доказ се и нејзините две сестри, Марија и Радица.
Радица е доктор на медицински науки, супспецијалист, раководител на Иститутот за трансфузиона медицина Скопје и Претседател на Здружението на трансфузиолози, а Марија работа во Секретаријатот за европски прашања.
Со цел да го задржи спомено на нејзиниот татко, по повод неговиот роденден, Натали сподели негова фотографија и напиша емотивна порака за него.
Натали скршена од болка јавно му го честиташе роденденот на својот татко.
„Среќен роденден татичко најмил. Нека те чуваат ангели. Многу недостасуваш. Те сакаме“, стои во опис на фотографијата.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ