Болеста на нашата позната пејачка се познаваше и на нејзините ФОТОГРАФИИ – докторот и препорача веднаш да се оперира
Болеста на Тијана Дапчевиќ толк беше проблематична пто на крај мораше да направи операција.
Познатата пејачка реши јавно да зборува за целиот проблем и на тој начин да им биде инспирација на другите жени кои се наоѓаат во слична ситуација.
Нејзината болест е проблем со кој се соочуваат многу луѓе. Имено, Тијана се соочуваше со сериозен облик на проширени вени заради што имаше бројни компликации, а болеста толку беше проблематична што на крај пејачката мораше да оди на операција за да го реш проблемот
.
Но таа сега реши јавно да зборува за целиот проблем и на тој начин да им биде инспирација на другите жени кои се наоѓаат во слична ситуација.
„Имав крофни на нозете. Тоа е она кога ѕидот ќе попушти, а во еден момент попушти, и јас за тоа кажував како да имам крофни на нозете. Меѓутоа, тоа не беше единствениот проблем. Нозете ми отекуваа, имав болки, ноќе се будев во грчеви… Кога направив доплер, докторот ми кажа: ‘Ова требаше да го направиме пред година дена, ја не знам што чекаш’“, објасни пејачката во емисијата РТС Ординација.
Во тие моменти болеста на пејачката и правила сé поголеми проблеми, па затоа таа решила да оди на операција.
Таа денес сака да се шегува на оваа тема:
„Мамо, од тебе не наследив куќа, ниви, кули градови, туку проблемот со вените“, вели таа во шега, пишува „Хелоу магазин“.
Како што објаснува познатата пејачка, операцијата што ја направила не била премногу комплицирана, но затоа со неа го решила својот долгогодишен проблем.
И двете нозе под локална анестезија, и јас, фала му на Господ, веќе немам проблеми. Тоа секој што е нормален поминува како да го боцнал комарец, но јас не сум нормална (се смее).. Елем, од плешките тргнав еден голем проблем, првенствено здравствен, а потоа и естетски, и сега можам да носам и кратки здолништа“, вели пејачката, пишува „Хелоу магазин“.
Инаку, интересен податок е и тоа што Тијана по бременоста ослабна 45 килограми, а непосредно пред да се породи имала 115 килограми.
„Решив да направам нешто во врска со тоа. Но, почнав да слабеам дури откако сфатив дека на мене не ми треба никаква диета, туку дека морам да го променам начинот на живот. Буквално носев уште едно лице во себе. Немав врат, рацете ми беа како бутовите“, раскажуваше своевремено Тијана.
Нејзината диета со чија помош таа ослабна е многу едноставна, а ефикасна. Денот го започнува со овесни снегулки со чиј и црвено овошје, за ручек обично јаде мисирка со зеленчук, а за вечера риба со салата.
На почетокот имав кризи, но дадов сé од себе за да издржам. Сите треба од исхраната да го исфрлиме шеќерот, брашното и млекото. Така ќе дојдеме до посакуваната исхрана, но, како и повеќето жени, и јас често ќе се опуштам па ќе се поправам, изјави тогаш Дапчевиќ за „Блиц.рс“.
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ