Реклама
Вирално

Боки 13 со подочници и во потполно непрепознатливо издание – ќе се шокирате од тоа како изгледа првообвинетиот во случајот „Рекет“

Реклама

Боки 13 на судењето изгледаше страшно

Фото: Принтскрин/ Телма (Јутјуб)

Со големи подочници и матен поглед обвинетиот го следеше судењето, а при пристигањето го држеа полицајци бидејќи одвај се движеше. Заради првообвинетиот и судењето доцнеше 45 минути, а покрај бројните новинари присуствуваа и претставници од американската амбасада и ОБСЕ.

Боки кој се изјасни како невин изјави дека е тешко болен, но дека сака да учествува во судењето, на што обвинителката Вилма Русковска се спротивстави и рече дека Боки и неговиот адвокат сакаат да ја одолговлечат постапката.

Маркетинг

Таа го потврди тоа и со лекарската документација издадена од болницата „8 септември“ според која Боки е во добра здравствена состојба и може да го следи судењето.

 

Маркетинг

Судијката истакна дека во судот има медицинска екипа која ќе го прегледа обвинетиот, по што ќе одлучи дали судењето ќе продолжи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button