Реклама
Наши ѕвезди

Боки 13 се расфрлал со скапи Луј Витон чанти и папучи од 1000 евра, а сега ќе одговара и за ова

Реклама

Бојан Јовановски треба да се најде на обвинителните клупи и поради уште едно дело.

Имено, приватната болница „Аџибадем Систина“ во која удел во сопственоста има и Јордан Камчев, го тужеше првоосомничениот во Рекет, Бојан Јовановски попознат како Боки 13, затоа што не платил 10.300 евра поради хируршка интервенција, пренесува порталот А1он.

Маркетинг

Операцијата била направена во текот на април оваа година, кога Јовановски ја примил фактурата за извршената интервенција која никогаш не ја платил. Тој наместо да ја платил, поднел приговор, па одговорните во Аџибадем Систина решија целиот случај да го дадат на суд.

Маркетинг
Versace $1,595.00

„Се потврдува дека пружената услуга, фактурата е примена од страна на обвинетиот, но не е исплатена“, изјави за медиумите адвокатот на болницата Михајловски.

Инаку, Бојан Јовановски заедно со поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и Зоран Милевски (Кичеец) се обвинети во случајот во јавноста познат како „Рекет“.

Saint Laurent, West Metallic Zip Booties $945.00

Тие се наоѓаат во притворското одделение во Шутка.

Бојан досега неколку пати беше пренесуван до скопските болници поради здравствените проблеми, а во скопскиот суд претходно се жалел дека животот му е загрозен поради хируршката интервенција која му била направена во болницата „Аџибаден Систина“.

Раскошниот живот на Боки 13

Инаку Бојан пред да биде затворен на социјалните мрежи постојано се фалеше со својата скапа брендирана облека.

Неговата раскошна колекција се состои од модели и модни додатоци од најпознатите светски модни брендови за кои треба да издвоите и по неколку илјади евра.

Вкупната вредност на неговите комбинации понекогаш може да надмине и преку 10.000 евра, па така тој многу пати изгледаше екстравагантно, а јавноста се чудеше од каде му се парите за да се расфрла така.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Но откако беше уапсен, а потоа и спроведен во Шутка, работите почнаа да стануваат малку појасни…

Па така на неговиот профил на Инстаграм се уште можеме да видиме како носи папучи од преку 1000 евра.

Но секако дека не се само овие сандали со шокантна цена за нас „обичните смртници“. Такви се и речиси сите останати модели со потписот на реномираните брендови како што се Версаче, Долче и Габана, Гучи, а некои дури и од последните колекции. Па така и неговите златни чизми до глужд од кои не се двоеше во последно време чинат околу 1000 долари.

Погледнете ги и останатите негови модни изданија составени од парчиња со цени од кои боли глава.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button