CelebrityНаши ѕвезди

Боки 13 задржан на интензивна во „8-ми Септември“

Advertisement

Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, ексклузивно дознава Канал 5.

Бојан Јовановски, ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница.Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ 8-ми септември ја потврдија и од затворот во Шутка и неговиот адвокат Сашко Дуковски.

Advertisement

Само да потсетиме, Боки од 15 јули се наоѓа во притвор, и за овој период неколку пати е носен на клиника во Скопје, а според претходно објавените информации, проблемите ги има бидејќи неодамна направил операција за подврзување на желудникот заради намалување на тежината.

Кривичниот суд на Јовановски во петокот на 13 септември по втор пат му го продолжи притворот во кој се наоѓа со уште двајца осомничени од „Рекет“ – Зоран Милевски викан Кичеец и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button