Боки 13 е првиот Македонец што го постигнал овој рекорд – гасете интернетот, им порачува тој на фановите
Историски рекорд, Боки 13 јавно се пофали.
Кратко време е активенна Инстагрм, но веќе е меѓу најдобрите.
Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 својата кариера ја започна како водител, односно шоумен.
ФОТО: Инстаграм / Боки 13
Неговите почетоци во естрадните води беа поврзани со организирање на манифестацијата за доделување 13 награди на популарноста, по што го доби и прекарот Боки 13.
Извесно време се занимаваше и со музика и направи неколку хитови, соработки со познати ѕвезди.
ФОТО: Инстаграм / Боки 13
Во текот на својата досегашна кариера Бојан има одржано неколку концерти меѓу кои концертот во Охрид, концертот во Скопје, Штип, Битола и останати места во Македонија.
Исто така конкурираше и на македонскиот избор за песна на Евровизија со албанската пејачка Биг Мама.
ФОТО: Инстаграм / Боки 13
Во 2019 година судските власти во Македонија покренаа постапка со која Јовановски се обвинуваше, а подоцна и беше притворен за рекет, односно изнуда на парични средства од македонски стопанственици заради олеснување при судски процеси во кои се вмешани стопанствениците.
По излегувањето од притвор Боки повторно се активираше на Интсаграм, каде секојдневно споделува снимки од своето секојдневие и соработките со познатите македонски брендови.
ФОТО: Инстаграм / Боки 13
На Инстаграм има над 59 илјади следбеници, а сега се пофали и со новиот успех, односно откри дека е првиот рекордер во земјава со милионска посетеност на профилот.