Боки „фатен“ како се шета низ Скопје во папучи и со НАЈВАЖНАТА ЖЕНА во неговиот живот (фото)
Откако му ја укинаа пресудата, Боки се врати во медиумите, но и на својот аристократски живот.
Боки објави слика со својата мајка Јасмина
Бојан Јовановски (38), попознат како Боки 13, неодамна излезе од затвор и уште првиот ден се врати во медиумите, а неговото последно гостување кај познатиот јутубер Стефан Лазаров, предизвика вистински потрес како во јавноста, така и во политичките кругови.
Но Боки овој пат на Фејсбук ја претстави најважната жена во неговиот живот, а тоа е неговата мајка Јасмина.
Тие дури и по малку личат еден на друг, а ако судиме според фотографиите неспорно е дека Јовановска е една вистинска дама.
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Потсетуваме, Боки кој е познат и по неговата пасија за скапа и брендирана облека и модни додатоци, своевремено самиот се има пофалено дека својот стил го наследил токму од неговата мајка, но и расудувањето, ставот и потеклото, односно сето она со кое човек се раѓа и кое „не може да се купи со пари“.
На фотографијата што Боки ја објави, тие и двајцата се дотерани од глава до пети и се излезени на прошетка низ Дебар маало.
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Неговата мајка носи тесни фармерки, бел мантил и спортски патики, а целото издание го заокружи со брендирана чанта.
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Скапа и луксузна чанта носеше и самиот Боки кој пак својот стајлинг го заокружи со шешир и брендирани папучи.
Како тие изгледаа во ова издание, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Погледнете ги и останатите фотографии на Боки со неговата мајка…