Огласи
ТрендовиШопинг

Боите на летното зајдисонце на кои никој не може да им одолее

advertisement

Боите на летното зајдисонце се хит и изгледаат посебно и единствено, а институтот Пантон за ова лето токму комбинацијата од црвена, жолта, пурпурна и виолетова ја опиша како една од најпопуланите.

Овие бои беа инспирација и за италијански моден дизајнер Масимо Џорџети кој актуелната колекција за MSGM ја претстави на зајдисонце плажа во родниот Римини. Главните мотиви во колекцијата, дезените на кошулите, фустаните, здолништата и костимите за капење се токму боите што се појавуваат при заоѓањето на сонцето со визури на градот и сенки од палми во позадина.

реклама

Варијациите на оваа тема се многубројни – можете да ги носите на едно парче дезенирано со овие бои кои потсетуваат на популарните хавајски кошули кои веќе со децении се летен класик или да направете комбинација од повеќе модели во различни нијанси во една комбинација. Во тренд се дезените кои се нијансирани како вечерно небо, а модерно е и да комбинирате и бои според едно парче.

Марpкетинг

Но најчесто за да не настане премногу хаотичен изглед обидете се да доминира само една боја, додека останатите треба да бидат само како придружба преку модните додатоци како што се чевлите, очилата за сонце и чантите.

MSGM

Но нема да погрешат и оние што ќе одлучат да „фураат“ само една боја од глава до пети и со ваквите монохроматски изданија ќе изгледаат потполно шик.

MSGM

Повеќе модели погледнете во галеријата …

advert
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

Back to top button