Реклама
Фитнес

Бодибилдерката Ирис и на 75 години не се откажува од вежбањето – Откако останав самохрана мајка, теретаната ми го спаси животот!

Реклама

Бодибилдерката Ирис Дејвис која денес има 75 години, отворено зборуваше за нејзината љубов кон вежбањето кое  ја спасило од ужасната депресија што ја претрпела по смртта на нејзиниот сопруг, а таа останала самохрана мајка.

Ирис е родена во Даблин во многу сиромашно семејство. Од нејзиниот роден град, таа беше испратена во САД  кога имала 16 години, барајќи подобар живот. На само 17 години се омажила и го родила своето прво дете, кое, за жал, умрело брзо по раѓањето. На 22-годишна возраст, Ирис го загубила и својот сопруг, кој загина во сообраќајна несреќа, по што останала сама со својот двомесечен син.

Маркетинг

 

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10156289411709148&set=a.10150814551784148&type=3&theater

Маркетинг

 

Поради губењето на првото дете и сопруг и фактот дека толку млада веќе е самохрана мајка, таа почнала да страда од тешка депресија. Знаејќи дека не смее да залегне во креветот затоа што никогаш нема да биде повторно слаба, одлучи да ја врати старата линија, а потоа да ја посетува теретаната да не размислува за сето она што ја погоди за толку кратко време.

https://www.instagram.com/p/BsbI9NHnAQ6/

Потоа, во 60-тите години на минатиот век, на жените им беше забрането да влегуваат во речиси сите спортски сали низ САД и немаше женски бодибилдери.

Но, Ирис беше решена да биде првата жена која ќе им испрати на девојките порака за моќта на вистинската жена.

https://www.instagram.com/p/Bttx_03nWS3/

На првото бодибилдинг шоу таа имаше 50 години, и веднаш го освои второто место, а потоа две години по ред победи на шампионатот на бодибилдери во Флорида, кога имаше 62. и 63. години. Кога имаше 65 години, оваа немирна баба ја изненади полициската потрага која се случуваше во близина на нејзината канцеларија.

Имено, таа излегла да види што се случува, а во автомобил биле крадци, по кои трагале десет полициски автомобили. Тие се судриле пред неа, а таа ги задржала додека не дојде полицијата.

https://www.instagram.com/p/BsnvpYvHXKQ/?utm_source=ig_embed

Таа има 49 килограми откако памети за себе, неодамна го прослави нејзиниот 74-ти роденден и го скрши рекордот, која и  успеа по 21 пат. „За мене, салата беше како црква, моето светилиште во кое сакав да бидам секогаш кога можев, и така никогаш не бев депресивна”, рече Ирис, истакнувајќи дека токму теретаната и го променила живот.

https://www.instagram.com/p/BtkCH4QnPkG/?utm_source=ig_embed

Пред дваесет години не се осмелував да влезам во неа, а потоа, на првото појавување, го освоив второто место пред 20 години помлади од мене – со насмевка на лицето се потсети и повтори оваа дама дека нејзината одлука да излезе од депресија и го спасила живот.

– Вежбањето не само што ми го спаси животот, тоа и ми го подари животот што го имав – објасни таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button