Бог ме сака, но ѓаволите не ме даваат – македонската супер бабичка ги ШОКИРА сите со својата неверојатна животна енергија

Жена полна со неверојатна енергија…

Покрај песна и игра, таа го славеше и животот, како и новиот почеток во десеттата деценија од животот, бидејќи годините за неа се само бројка.
Македонската уметница и победничка во „Никогаш не е доцна“, Добрила Ивановска Чабриќ, го прослави 95-от роденден и ја промовираше својата нова книга
Многумина за неа велат дека е жена змеј и дека им е мотивација, а тоа важи и за многу нејзини колешки пејачки.
Таа на свои 95 години ја претстави својата автобиографска книга под името „На патот кон стотка’ и тоа на несекојдневна промоција организирана во Белград.

Покрај песна и игра, таа го славеше и животот, како и новиот почеток во десеттата деценија од животот, бидејќи годините за неа се само бројка.

„Мене годините не ми пречат, јас не ги гледам и не ги чувствувам, единствено што имав незгода со автомобилот, што се малку ‘тумбав“, па сега ме мачи левата нога, но и тоа ќе го решам. Психички и здравствено се чувствувам супер, 97 отсто од мојата генерација умира, а јас останав жива. Ете, едноставно Господ ме сака, но ѓаволите не ме даваат“, раскажува искрено Добрила на прославата на својот роденден и на промоцијата на која ги собра своите најдраги пријатели и соработници со кои веќе долго време соработува.

Таа на промоцијата голема поддршка доби и од Маја Оџаклиевска и некогашната учесника во „Никогаш не е доцна“, Јагода Јевтиќ.
Детали од нејзината прослава погледнете во продолжение…
Фото: принтскрин/ Јутјуб. Гранд.онлајн
Фото: принтскрин/ Јутјуб. Гранд.онлајн

Погледнете ги и остнатите фотографии…
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
