Богдана Ражнатовиќ ги воодушеви сите: Тазе породената мама излезе во бели тренерки од породилиштето и ги собра сите погледи (ФОТО)
Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ пред неколку дена се породи и на свет го донесе вториот син Крстан.
Гордиот татко денеска се упати кон породилиштето и ги зема сопругата и синот.
Вељко со тренерки и насмевка на лицето пристигнал пред болницата „Биосел“ каде се породи неговата сопруга.
Богдана ги воодушеви присутните, тазе породената мама излезе од породилиштето во бели тренерки, со наочари на лицето, а за присутните медиуми накратко изјави:
– Супер сум – кратко рече таа.
Она што го привлече вниманието на многумина е транспортерот во кој малиот Крстан го напушти породилиштето.
Имено, среќните родители го носеле наследникот во црвен транспортер со тигарска глава на врвот, заштитен знак на неговиот покоен татко.
Да потсетиме, Богдана Ражнатовиќ се породи во понеделникот и на свет го донесе вториот наследник на кој му го дадоа името Крстан Ражнатовиќ.
Породувањето се случило во приватна клиника за која Цеца наводно платила повеќе од 6000 евра.
Пејачката на претставниците на медиумите им откри дека сака уште внуци и опиша како изгледа малиот Крстан, кој е роден на роденденот на неговиот покоен дедо Жељко Ражнатовиќ Аркан.
– Ова е голем благослов и се надевам дека ќе имам 10 внуци.
На прашањето чија била идејата Богдана да се породи на роденденот на нејзиниот покоен сопруг, Цеца истакна дека Бог предодредил Крстан да се роди на тој голем ден за семејството Ражнатовиќ.
– Тоа е прекрасно, не беше идеја. Не можете да наредите да се роди бебе, тоа се Божји планови. Бог даде бебе на роденденот на неговото дете, рече Цеца.