Реклама
Холивуд

Богат е како шеик, но никако НЕ може да ја заборави оваа девојка – таа го остави како куче, а тој секогаш ја чека со раширени раце!

Реклама

Ова е Бруна Маркезин, 23 годишната убавица која е главниот виновник за сите успеси и падови на еден од најдобрите фудбалери на светот – Нејмар!

Познатиот фудбалер често игра онака како што Бруна ќе свири, а јавна тајна е дека поради неа повеќе пати одел бос по трње. И додека на полето на финансиите нема никакви проблеми – само за една недела заработува повеќе од 600 илјади евра, на љубовен план очигледно не му цутат рози.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Bdh6r4qFFcF/

 

Маркетинг

Тие се запознаа во 2012 на еден карневал и набргу по првата средба почнаа и да се забавуваат така што сега би можеле да е пофалат со стаж од шест години иако и двајцата се поприлично млади. Но нивната врска е далеку од идилична – тие поминаа низ неколку раскинувања и кратки паузи.

https://www.instagram.com/p/BleURrSHMPV/

https://www.instagram.com/p/BkIbtI9An9T/

 

 

Во 2013 Бруна иницираше да се разделат и одлучи да почне да се шета низ светот, додека Нејмар буквално плачеше по својата животна љубов како што самиот ја нарекуваше. Тие по некое време повторно се смирија, но проблемите не престанаа. Бруна, во 2017 повторно реши да се разделат, а раскинувањето следуваше откако заедно беа сафари во Јужна Африка каде наводно тој ја запросил.. И таа го одби, секако!

По ова следуваше тежок емоционален период за еден од најпознатите фудбалери на светот, додека Бруна не покажуваше знаци на слабост. Таа ги избриша сите заеднички фотографии од социјалните мрежи, а потоа, во јануари, повторно се смирија, па така медиумите почнаа редовно да ја преставуваат како „on-off “девојка на напаѓачот на ПСЖ.

Пред некое време пријател на Нејмар за медиумите изјави дека фудбалерот очајно сака да се ожени со Бруна и да станат новите „Пош и Бекс“. Се појавија информации и дека најскапиот фудбалер всушност е зависен од убавата манекенка, а таквиот заклучок може да го донесе секој откако ќе го погледне неговиот Инстаграм профил.

Доволно е само еден поглед и веднаш ќе заклучите дека таа е жената на неговиот живот. „Беше и таа вљубена во него, но не толку“ изјави еден извор близок до фудбалерот по нивната последна разделба.

https://www.instagram.com/p/Be-vOetFCCF/

https://www.instagram.com/p/BetOSpkFrrZ/

Сепак, сега за сега љубовната врска меѓу Бруна и Нејмар е во мирна фаза, а дали наскоро повторно ќе има некоја бура во рајот останува да видиме.

До тогаш им посакуваме среќа…

Поврзано

Back to top button