Богато момче по потекло од Македонија ја запроси убавата актерка од „Истанбулската невеста“ – таа му кажа „да“ и го покажа прстенот
Момчето ја запроси во бајковитата Кападокија
Ебру која што ја запознавме по улогата на Бурџу Селимер во „Истанбулската невеста“ се сврши.
Убавата турска актерка Ебру Шахин се прослави и со улогата во познатата турска серија „Невозможна љубов“ каде го толкува ликот на храбрата девојка Рејан Шадоглу која ќе направи сé во животот за оној што го сака.
Турската НБА ѕвезда и нејзини долгогодишен партнер, Џеди Осман, реши да ја запроси на едно од најбајковитите места на светот – Кападокија.
Осман својата сакана ја запроси во Кападокија, позната по прекрасните пејзажи и величествените балони.
Познатата актерка и модел сподели неколку фотографии од овој настан на својот Инстаграм, а тоа го направи и нејзиниот сакан.
Кажав „да“, напиша Ебру споделувајќи неколку фотографии со својот свршеник и го покажа свршеничкиот прстен.
Како што пренесуваат турските медиуми, актерката својот судбоносно „да“ ќе го изговори следната година.
Тие и претходно споделуваа заеднички фотографии, од кои можеме да видиме и дека одлично се согласува со неговите родители кои по потекло се од Балканот.
Имено, Џеди по потекло е од Охрид, од каде неговиот татко, етнички Турчин, се сели во Турција.
Неговата мајка по потекло е од Нови Пазар. Таа во една пригода ќе и порача на убавата актерка:
„Земете се во првата пригода. Навистина се обожавате. Зошто да чекате“ им кажа таа во една пригода. Како што пишуваат турските медиуми, парот веќе порано им кажал на пријателите дека венчавката ќе се случи во септември 2022 година.
Инаку, турскиот кошаркар Џеди Осман по потекло е од Охрид, а неговата мајка е Босанка родена во Србија. Џеди игра за тимот на Кливленд Кавалиерс и се проценува дека досега има заработено околу 50 милиони долари.
Тој е роден во Охрид во 1995 година.
Неговата девојка Ебру, која на нашата публика и е добро позната од нејзините улоги во турските серии, има дипломирано на спортскиот универзитет во Истанбул. Таа по студиите започнала да оди и на часови по глума, а на филмското платно дебитира во 2016, додека првата серија во која што се појавува е „Мојот татко“.
Актерката е препознатлива по својата кадрава коса, а освен со глумата се занимава и како модел.
Погледнете ги нејзините фотографии…
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин