Најдобрата блуза со која ќе преминете во новата сезона
Елегантните блузи можете да ги носите преку сите четири годишни периоди и во сите можни стилови и пригоди. Тие совршено се вклопуваат во секое модно издание, па буквално нема да ги соблечете од вас.
Можете да ги најдете во најразлични бои, дезени и модели, со кратки и долги ракави, но пред самит крај на летото еден модел посебно се издвои.
Во прашање е проѕирна блуза
Па дали ќе изберете потполно проѕирен модел или оној со транспарентни делови или ракави, зависи од вашиот стил. Исто така и бојата и дезенот изберете го според ваш вкус и стил, но задолжително набавите барем една бидејќи можете да ја носите БУКВАЛНО со сé!
Можете да ја носите и на почетокот од есента, односно се додека времето ви го дозволува тоа, а во продолжение погледнете неколку феноменални модни изданија кои можат да ве инспирираат како да го направите тоа.