Реклама
LIFESTYLEВирално

Блокирана најголемата фабрика за Нутела на светот

Реклама

Производството на Нутела во фабриката во северна Франција, која е најголема во светот, е блокирано една недела поради барањата на работниците за повисоки плати, објавија синдикалните претставници.

Во италијанската фабрика „Фереро” 600.000 Нутела тегли се произведуваат дневно, што претставува една четвртина од вкупното производство на овој крем.

Маркетинг

Пред една недела, 160 работници во фабриката во северна Франција започнаа штрајк, рече Фабрис Канчел од синдикатот „Универиер” (ФО). „Ниту еден камион не влезе во фабриката и не замина”, додаде Канчел.

Работниците бараат зголемување на платите од 4,5 отсто и бонус од 900 евра. Администрацијата понуди само 0,4 проценти повисока плата.

Маркетинг

Претставниците на компанијата не сакаат да коментираат за штрајкот, а администрацијата беше со внатрешна порака до која АФП доби увид дека “блокадата на пристапот на фабриката е сосема нелегална”. Тие, исто така, се пожалија дека ќе побараат од судот да нареди пристап до фабриката.

„Тоа е неприфатливо кршење на правото на штрајк”, одговори претставникот на синдикатот.

Производството на Нутела е обележано со бројни проблеми во последниве години, делумно поради жетвата на лешниците во Турција, најголемиот извозник во светот.

Фабриката во Италија беше затворена пет дена во февруари поради проблеми со квалитетот, а во 2015 тогаш францускиот министер за заштита на животната средина, Сеголен Ројал, му рече на Французите да не јадат Нутела, бидејќи нејзината потрошувачка придонесува за уништување на шумите и за климатските промени на Земјата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button