Блогерките одлепија по овие панталони – ги издолжуваат нозете и стојат феноменално, а сигурни сме дека ќе им се допаднат и на многу Македонки
Преубавите панталони со прорези станаа вистински хит и сите трендсетерки сакаат да ги имаат во плакарите
Панталоните што дизајнерката Викторија Бекам ги претстави во својата колекција, за многу брзо време ги воодушевија светските блогерки
Па доколку сте во потрага по некој нов крој, а обичните фармерки повеќе ви се досадни, можеби и вие треба а размислите за едни вакви панталони кои преку ноќ ги освоија светските модни икони. Тие се сметаат за тренд број 1 за овој месец, а причината зошто за толку кратко време ги освоија дамите што ја следат модата е тоа што стојат сјајно и ги издолжуваат нозете.
https://www.instagram.com/p/BnyEBgBFJcb/?utm_source=ig_embed
Класични ѕвонарки со интересен прорез на срдината на ногавиците, детаљ кој е виновен за издолжениот визуелен чин што ги прави нозете подолги. Во комбинација со високи потпетици ефектот е дополнително подобар – ќе имате нозе како некој познат супермодел.
https://www.instagram.com/p/BnoYm60nTWW/?utm_source=ig_embed
Единствениот совет на модните познавачи е ако имате силни колкови и бедра избегнувајте ги впечатливите дезени и наместо нив одлучете се за еднобојни модели без разлика за која боја станува збор.