Реклама
Наши ѕвезди

Близначките Маријана и Росана по цели две години повторно заедно

Реклама

Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ – Тодоровска по цели две години се врати во Македонија.

Поранешната пејачка со своето семејство живее во Австралија, а последен пат беше на гости во Македонија на свадбата на ќерката на Росана, Ивана.

Маркетинг

Ивана е ќерка на Росана и актерот Ѓорѓи Тодоровски и со својот сопруг Џејмс утре ќе го прослават првиот роденден на нивниот син Ноа.

Сестрата на Маријана, Росана, со која некогаш ги пееја хитовите „Признавам“ и „Едно срце имам душо“ ја пречека на аеродромот, а откако пристигна, Маријана на својот профил Фејсбук сподели емотивна порака по која следуваа бројни лајкови и коментари од нејзините пријатели.

Маркетинг

Маријана на аедромот во Скопје

„Мили мои пријатели. Македонци, душички… Не можам а да Не ви се заблагодарам на сите важи искрени желби и добредојде… Постои нешто што сите нас не прави тоа што сме… Љубов… Нека истата цвета и опстанува во вашите души и вашите срца… Од срце ви благодарам и ви посакувам насмевки на вашите лице… Ваша Маријана, ништо повеќе од сите вас.“

Инаку, Маријана во Австралија работи како стоматолог и има две деца – ќерката Магдалена и синот Филип.

Маријана со својата снаа

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button