Блесна нов фрескоживопис во МАНАСТИРОТ за кој Тоше Проески велеше: Знам дека еден ден ќе завршам тука
На ова место незаборавниот Тоше Проески го пронаоѓаше својот мир и важеше за неговиот втор дом
Непрежалениот македонски пејач Тоше Проески настрада трагично на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа.
Тоше зад себе остави бројни песни, кои и денес се хитови, а ќе остане запаметен и по неговата голема хуманост.
Тој воедно беше и голем верник, а за тоа сведочи и Манастирот Св. Преображение кој се наоѓа во близна на Крушево, во месноста Ручало.
Фото: Фејусбук/ Манастир “Св. Преображение“ – Крушево
Имено, црквата во овој манастир била разрушена во XIX век, а е возобновена во 1986 година, додека манастирот е возобновен со помош на македонската музика легенда Тоше Проески.
Принтскрин/ Фејсбук, Тоше Проески
Сите граѓани на Крушево помагаа во градбата на манастирскиот комплекс, а голема улога во неговата обнова имаше и Тоше кој донираше многу средства за негово возобновување и секогаш гордо кажуваше и дека тој помагаше и со физичката работа при градбата.
Фото: Фејусбук/ Манастир “Св. Преображение“ – Крушево
Манастирот на 24 септември оваа година ќе биде осветен, а на Фејсбук страницата манастир Св. Преображение – Крушево објавени се и фотографии на кои се гледа новиот фрескоживопис во манастирот.
Принтскрин/ Фејсбук, Тоше Проески
На социјалните мрежи има и соопштение од страна на Митрополијата крушевска и демирхисарска во кое се вели следново:
Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески. Осветувањето на манастирската црква благоволи да го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 24 септември оваа година, во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, пишува во соопштението на Фејсбук објавено од страна на Митрополијата крушевска и демирхисарска.
Фото: Фејусбук/ Манастир “Св. Преображение“ – Крушево
Како изгледа манастирот сега и преубавиот фрескоживопис во него на кои погледнете од фотографиите во продолжение…
Фото: Фејусбук/ Манастир “Св. Преображение“ – Крушево
На зборовите на незаборавниот и непрежалениот Тоше Проески за ова волшебно место, каде што тој го пронаоѓаше својот духовен мир и за кое велеше дека знае дека на крајот ќе заврши тука, во овој манастир, потсетете се на крајот од галеријата што следува…