Блесна и во Дубаи – нашата прва дама покажа како се носи црвено, во ПРЕКРАСНО ИЗДАНИЕ им го привлече вниманието на сите!
Секогаш прекрасна и неодолива каде и да се појави, блеска со елеганција.
Често се појавува на официјални настани, а секогаш изгледа беспрекорно.
Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска уште еднаш блесна во беспрекорна комбинација.
Ѓоргиевска моментално престојува во Дубаи по повод Павилјонот за жени ЕКСПО 2020, во чии рамки ќе се обрати на панел дискусијата „Визии и патувања“.
Се сретна со неколку официјални лица, а изгледаше беспрекорно во црвена комбинација.
Освен црвената комбинација, таа се појави и во син костим со бела марама и црни потпетици.
Како што доликува на дама таа со едноставна софистицираност е вистински пример како треба да изгледа жена во секоја пригода.
Неодамна на локалните избори, претседателот Стево Пендаровски заедно со синот и сопругата Елизабета гласаше во населба Автокоманда, а првата дама како и секогаш со едноставен стајлинг остави силен впечаток.
Облечена во едноставна црна комбинација и капут во беж нијанса Елизабета изгледаше како вистинска дама.
Се чини дека едноставноста и елеганцијата се нејзин заштитен знак.