Хоакин Финикс, Рене Зелвегер, Бред Пит и Лора Дерн веќе ги собраа Златните глобуси, САГ и БАФТА наградите.
Лора Дерн ја однесе и наградата Оскар за најдобра споредна женска улога за улогата на адвокатката за развод во филмот „Приказна за бракот“. Наградата и ја додели оскаровецот Мехаршал Али, а останатите номиниран колешки Марго Роби, Флоренс Пју, Скарлет Јохансон и Кети Бејтс цело време и аплаудираа и се радуваа на нејзиниот успех.
Оскар за најдобра споредна машка улога ја доби Бред Пит за улогата во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ – ова е прв Оскар за него, а втора номинација.
За најдобар странски филм прогласен е „Паразит“ од Јужна Кореја, кој прв пат од оваа земја е номиниран и освои Оскар. Меѓу предложените беше и „Медена Земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. „Паразит“ го доби и Оскарот за најдобар филм на годината што беше големо изненадување за сите, а посебно за режисерот Бонг Џун Хоа, кој по сопствено признание веруваше дека најголем домет на вечерта му е Оскар за најдобар странски филм.
#Oscars Moment: Brad Pitt wins Best Supporting Actor for @OnceInHollywood pic.twitter.com/TSGjMB3v8P
— The Academy (@TheAcademy) February 10, 2020
„Немам зборови. Никогаш не можевме да замислиме дека ова ќе се случи. Пресреќни сме. Чувствувам дека ова е многу важен момент во историјата. Најискрено сум им благодарен на сите членови на Академијата што ја донесоа оваа одлука – изјавија продуцентките на филмот, посебно заблагодарувајќи му се на режисерот Бонг Џун Хо. Во конкуренција за овој Оскар беа и филмовите „1917“, „Ле Ман – славните 24 часа“, „Ирец“, „Зајакот Џоџо“, „Џокер“, „Мали жени“, „Приказни за бракот“ и „Беше еднаш во Холивуд“.
#Oscars Moment: @LauraDern wins Best Supporting Actress for @MarriageStory. pic.twitter.com/g8cn8KoRMo
— The Academy (@TheAcademy) February 10, 2020
Оскар за најдобра женска улога ја доби Рене Зелвегер за улогата на Џуди Гарланд во филмот „Џуди“.
Ова е нејзиниот втор Оскар, а го посвети на ликот што го глумеше во филмот, Џуди Гарланд. Оскарот за најдобра машка улога му припадна на Хоакин Финикс за неговата генијална улога на Џокер во истоимениот филм.
„Кога ги славиме нашите херои, ние се сеќаваме кој сме во тоа единство И не, Џуди Гарланд не доби Оскар за време на нејзиниот живот. но јас сум сигурна дека ова породолжение на нејзиното наследство и покажува дека нејзиното наследство е единствен пример на извонредност и инклузија, племенитост на духот, и тоа ги надминува уметничките достигнувања на поединецот. Џиди Гарланд, ти си дефинитивно една од хероините кои не обединуваат и дефинираат. И ова е за тебе“, изјави актерката по добивањето на Оскарот.
Големо изненадување беше и тоа што Бонг Џун Хо, режисерот на „Паразит“ го освои и Оскарот за најдобра режија. Наградата му ја додели Спајк Ли, а покрај него ба номинирани Тод Филипс (Џокер), Сем Мендиз (1917), Мартин Скорсезе (Ирец) и Квентин Тарантио (Беше еднаш во Холивуд).
„Откако ја добивме наградата за најдобар странски филм, мислев дека е готово и бев подготвен да се опуштам. Ви благодарам многу. Кога бев млад и гледав филмови ја запаметив изреката дека она што е најлично воедно е и најкреативно. Тоа го изјави Мартин Скорсезе. На школо ги проучував неговите филмов и ми беше чест што сум номиниран со него ви истата категорија, не очекував дека ќе победам“ – изјави Бонг Џун Хо и ви повика сите во салата да му аплаудираат на генијалниот холивудски режисер Мартин Скорсезе. Бонг потоа ги пофали и другите колеги, посебно Квентин Тарантино, кој иако луѓето во Америка не се запознати со филмовите на овој брилијантен режисер од Јужна Кореја, тој редовно ги ставал на некои негови листи.
Медена земја не доби Оскар, но победи!