Најпопуларниот Македонец на Инстаграм, познатиот стилист Даниел Николовски на регионалниот натпревар ,,My global fashion awards “(MGF) во Хрватска, ја освои наградата за најдобар фризер за 2022 година.
Оваа значајна награда ја предизвика неговата препознатлива насмевка од милион долари и на фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи се забележува дека е пресреќен, но и дека одлично си поминува на Истра.
Шармантниот Николовски им се заблагодари на сите соработници, поддржувачи, клиенти кои верувале во него, следбеници кои му честитаат за наградата.
Меѓу првите му честита пејачката Антонија Гиговска со која покрај тоа што соработуваат се и блиски пријатели.
Меѓу честитките забележавме како и естрадата споделува радост со него.
Даниел Николовски досега соработувал со голем број на познати личности како од домашната така и од балканската естрада.