Вести

БЛАЗЕ СИ ИМ – Овие граѓани наскоро ќе добијат 24.000 денари на своите сметки

Advertisement

Над 120 илјади ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надоместок до крајот на тековната учебна, односно академска година како поддршка за нив и нивните семејства, во услови на зголемени трошоци за живот и продолжени ефекти од енергетската криза. Ова е предвидено во новиот деветти по ред пакет со антикризни мерки на Владата, насочен кон младите, ранливите категории на граѓани и приватниот сектор.

Околу 105 илјади ученици од основните и средните училишта кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања до 50 илјади денари, секој месец во наредните шест, ќе добиваат финансиски надоместок во износ од 1200, односно 1800 денари.

Advertisement

Додека, над 15 илјади студенти кои студираат надвор од нивното место на живеење, во следните 7 месеци, додека трае академската година, ќе добиваат ваучери за превоз, односно надоместок во износ од 600 до 1200 денари во зависност од пресметаните трошоци за превозот.

За начинот на кој учениците и студентите ќе можат да аплицираат, за критериумите, условите и роковите за искористување на овие мерки, Владата и Министерството за образование и наука ќе објават подетални информации во следните неколку денови.

Новиот деветти пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиона евра, што го утврди Владата на Република Северна Македонија, содржи 26 мерки, со кои е таргетирана поддршката за ранливите категории граѓани и компании, како и поддршка во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.

„Со овие мерки се опфатени 120.000 млади лица, над 74.000 социјално ранливи категории граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, речиси 540.000 корисници на апликацијата ‘Мој ДДВ’, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании.

Пакетот содржи и системски мерки со кои за 2023 и 2024 година се опфатени над 338.000 пензионери и 106.000 вработени во јавниот сектор.

По категории, пакет-мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците се во вредност од 156 милиони евра.

Во оваа категорија предвидени се мерките за поддршка за зголемување на ученичкиот стандард на основците и средношколците од ранливите категории семејства со ниски примања, до 50.000 денари. Конкретно, над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно, за што од буџетот за оваа финансиска поддршка ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра“, велат од Владата.

„Во наредните 7 месеци 15.000 студенти, кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер за превоз во износ од 600 до 1.200 денари за што се предвидени 2 милиона евра.

Во однос на најранливата категорија граѓани, во наредните 5 месеци по 2.000 денари месечно ќе добиваат корисниците на надомест поради попреченост, самохраните родители корисници на гарантирана минимална помош и родителите на деца со попреченост до 26 години. Мерката опфаќа 16.741 граѓанин за што се издвоени 2,7 милиона евра.

Во деветтиот пакет антикризни мерки се предвидени мерки за поддршка и заштита на стандардот на пензионерите со најниски пензии. Односно, во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно, оние со пензија од 14.000 до 16.000 денари 2.000 денари, а пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари во следните 5 месеци ќе имаат поддршка од 1.500 денари. Со оваа поддршка се опфатени над 187.000 пензионери за што се предвидени 35 милиони евра.

Власта најавува нова поддршка за студентите, и тоа во вид на ваучери за одмор.

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека студентите ќе бидат поддржани со нова мерка – ваучери за посета на туристички места во земјава.

За тоа ќе бидат наменети 64 милиони денари и најпрво ќе бидат опфатени околу 3 до 4 илјади студенти, а потоа се очекува бројот да се прошири.

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека целта на новата мерка за студентите е да се поттикне и домашниот туризам и дека се предвидени 64 милиони денари. Најпрво се очекува да бидат опфатени околу три до четири илјади студенти од државните универзитети, а потоа бројот би се проширил. За износот на ваучерот ќе се прифати предлогот на самите студенти.

-Предлог на Министерството за економија е сумата на ваучерот да се движи од 300 до 400 евра по студент. Студентите сами ќе одлучат дали сумата да биде помала или поголема. Ако е помала сумата на ваучерот, тогаш ќе бидат опфатени повеќе студенти, а ако е поголема – ќе бидат опфатени помалку студенти.

Тоа денеска го разговаравме и во рок од една недела студентите имаат можност писмено да ни ги достават нивните предлози кои ќе бидат прифатени од Министерството за економија.

Приоритет на државата се државните универзитети, а одлука на студентите ќе биде дали да бидат опфатени и студенти од приватните универзитети – изјави министерот Бектеши по средбата со претставници на студентски организации од државните универзитети во Министерството за економија.

Како што рече, придобивки од ваква мерка имале работниците со ниски приходи и тоа давало одлични резултати, но дека и на студентите треба да им се даде можност да ги посетат туристичките места во државата.

-Ова ќе биде и одлична можност да се запознаат со културно наследство и можностите што ги имаме како држава – додаде Бектеши.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button