LIFESTYLEВести

БЛАЗЕ СИ ИМ – Овие граѓани добија плус 36 000 денари на своите сметки

Advertisement

Во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството е предвиден регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 % од основицата за пресметување на работниците.

Со колективен договор на ниво на дејност или ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во повисок износ од износот утврден во наведениот колективен договор.

Advertisement

Фото Илустрација

Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од последните три просечни плати, што ги објавил Државниот завод за статистика.

Advertisement

Рокот за исплата на регресот е до крајот на годината, така што ако има раст на платите, износот ќе биде поголем.

Ако сега газдите решат да го исплатат годинешниот К-15, треба да платат 13.672 денари, пресметаа за „Слободен печат“ од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Фото Илустрација

Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од последните три просечни плати, што ги објавил Државниот завод за статистика. Рокот за исплата на регресот е до крајот на годината, така што ако има раст на платите, износот ќе биде поголем.

Ова се разбира доколку компанијата нема финансиски тешкотии, кога може да се исплаќаат и помали износи, а од друга страна за оние подобростоечките „само небото е лимит“…

Токму одредбата дека фирмата била финансиски нестабилна, беше мета на чести критики изминатите години, како од Државниот трудов инспекторат, така и од ССМ, кој досега не успеа да издејствува нејзина промена кај работодавачите.

Фото Илустрација

Дотолку повеќе што со ова не се кажува ни дека фирмата треба да биде во минус, туку се зборува само за „тешкотии во работењето“, што е многу широк поим.

-Износот на регресот се утврдува според основицата, која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата. Според Колективниот договор, основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето-плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.

Просекот за последните 3 месеци за кои Државниот завод за статистика има објавено податоци (јануари, февруари и март 2023 година) е 34.197 денари, што значи дека 40 отсто се 13.672 денари – брифираат од ССМ.

Фото Илустрација

Кај работодавачите кај кои настанале тешкотии во работењето, ценејќи ја економско-финансиската состојба со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден во наведениот колективен одговор.

Кај работодавачите кај кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.

Во последните години први К-15 исплатуваа моќните државни компании кои регресот го пресметуваат секако согласно Законот за работни односи и внатрешно потпишаните колективни договори во сума над законскиот минимум кој за годинава е 13.679 денари.

Фото Илустрација

„Блумберг Адрија“ праша дел од државните институции дали веќе исплатиле регрес и во која висина. Државните електрани на Северна Македонија (ЕСМ) веќе им исплатиле К-15 на повеќе од 4.000 вработени во износ на просечната плата која според Државниот завод за статистика изнесува 36.134 денари.

„АД ЕСМ исплати регрес за годишен одмор во висина на просечната плата во Р.Северна Македонија и тоа на секој кој согласно законот е во работен однос повеќе од шест месеци“ велат од АД ЕСМ.

Фото Илустрација

И на сметките на околу 600 вработени во електропреносниот оператор „МЕПСО“ легнал надоместокот за годишен одмор и тоа во висина на исплатената просечна нето плата во последните три месеци.

„Регресот за годишен одмор во АД МЕПСО е исплатен согласно Колективниот договот и е во висина на просечната нето плата исплатена во последните три месеци, велат од МЕПСО.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button