Реклама
Новости

Блаже од Кавадарци ја напушти болницата и веднаш испрати силна порака до семејството на Верица Балчевска и целиот медицински тим

Реклама

Младата Верица Белчовска од Берово чиј живот згасна прерано, ќе продолжи да живее во сите спасени животи.

По см-ртта на 20-годишната девојка нејзиното семејство реши да ги донира нејзините органи, а поради тој голем и хуман чин досега се спасени четири животи.

Маркетинг

Eден од нив е и Блаже Сапунџиев за кого завршија мачните денови со одење на дијализа откако доби бубрег од Верче.
Во сторија за „Сител“ тој откри дека ова ми е втора трансплантација на бубрег, пред 18 години била првата.

– Во 2002 година ми беше направена трансплантација во Солун. Добив бубрег од мојата мајка и 18 години беше добро. После тоа една година пак одев на дијализа и еве сега добив бубрег, вели Сапунџиев.

Маркетинг

Ден пред најголемиот христијански празник Велигден, 27 годишниот Блаже Сапунџиев ја напушти болницата и се врати дома во родното Кавадарци со здрав бубрег.

– Конечно после успешната трансплантација на бубрег сум пуштен дома и одлично се чувствувам. Огромна благодарност до фамилијата на Верица Белчовска за донирањето на органите. Исто така се заблагодарувам на целиот персонал од нефрологија и урологија на чело со лекарите Доктор Гоце Спасовски и целиот негов тим од нефрологија, доктор Сашко Дончев, Д-р. Стрир Ставридис од тимот за урологија и трансплантација и посебна благодарност до тимот на сестри за пружената нега после трансплантацијата: Сестра Виолета Николовска, Даниела Ефтимова, Каролина Ѓорѓиева, Мартина Миленковска и Лидија Колевска, без кои немаше да успееме да се закрепнеме и оздравиме така лесно“ напиша Блаже на својот фејсбук-профил.

Донирано беше и срцето на Верица со кое шанса за нов живот доби младиот Иле.

Мајката на Блаже, Форка Сапунџиева, емотивно во телефонски разговор за Сител, вели дека сè уште нема храброст лично да се заблагодари на семејството на Верче. Сочувствува со нивната болка, но вели дека преку донираните органи, Верче ќе продолжи да живее.

Таа појасни дека нејзиниот син одамна имал проблеми со здравјето, а нивна најголема желба била тие проблеми да се надминат.

– Многу ми е жал за девојчето кое многу младо загинало во сообраќајна несреќа. Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи, изјави мајката на Блаже Сапунџиев за „Сител“.


Пресаден е и вториот бубрег на Верица а беше направена и експлантација на коските на починатата Верче.

Поради хуманоста на семејството Белчовски, младиот Иле доби втора шанса и го прими срцето од нивната ќерка и сестра 22 годишната Верица

На социјалните мрежи следеа илјадници статуси со кои луѓето се обидоа да искажат почит кон ваквата одлука, но и сочувство за прерано згаснатиот живот, а еден од оние кои се огласија беше и пасторот на Евангелската црква, Филип Иванов кој напиша дека според него, семејствата кои се согласиле да бидат донатори во најмала рака треба да добиваат пратеничка плата до крајот на животот.

Од Советот на општина Берово семејството белчовски доби парична помош, а помогнаа и од „Гулф оил“ кои на семејството на Верица Белковска им донира 1 милион денари.

Во секој случај сето ова е малку за нивниот огромен хуман гест и прерано згаснатиот живот на Верче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button