Реклама
Наши ѕвезди

Благоја Грујовски „фатен“ како се бакнува со Лила Филиповска?! Видеото е хит, еве што се случува

Ќе се изненадите како Благоја и пее на увце и ја бакнува во образ Лила Филиповска

Реклама

Лила Филиповска ги изненади сите со видеото

Познатата водителка овој викенд се појави на фестивалот „Златни денови Кратово 2024“ и сите ги воодушеви со својот изглед.

Лила едноставно блескаше во изданието што реши да го носи на овој настан, а на социјалните мрежи привлече внимание и едно интересно видео што водителката го објави на својот Инстаграм, а на кое е со еден нејзин колега кој воедно е и познат пејач.

Маркетинг

Имено, Лила се снимаше во фоајето на еден хотел во Кратово, дотерана од глава до пети во преубаво издание, но не беше само нејзиниот стајлинг она што ги изненади сите.

Маркетинг
Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа во видеото им откри на своите фанови дека Благоја Грујовски има нов бенд, па во еден момент се појави и пејачот кој и запеа на увце на убавата водителка, а следуваше и сочен бакнеж.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Тие потоа запеаја заедно, а како изгледаше бакнежот што си го доби Лила од Благоја, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Лила Филиповска

Потсетуваме, Благоја Грујовски неодамна ги израдува сите кога со задоволство откри дека започнува соработка со новиот бенд на маестро Јане Рафаиловски со кого соработува со години.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Покрај познатиот пејач и македонскиот виртуоз на саксофон и кларинет, во оваа „тајфа“ се и Нико Сребров, Тимко Чичаковски и Дамјан Василевски, а веќе го снимија и нивниот прв музики коктел со Сузана Гавазова и Боби Павловски.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button