Реклама
Наши ѕвезди

Благоја Грујовски се борел за живот поради КОРОНАВИРУСОТ: „Ме покоси, примив МНОГУ ЛЕКАРСТВА“

Реклама

Пандемијата коронавирус зазема сѐ поголем замав на светски рамки. Веќе секој од нас се навикна и на новото нормално. Носиме заштитни маски, одржуваме дистацна од најмалку 2 метри. Но, вирусот се шири и не бира возраст.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Докторите велат дека сѐ повеќе млади луѓе доаѓаат во болница со тешки клинички слики предизвикани од вирусот.
Македонскиот фолк-пејач Благоја Грујовски бил еден од оние кои го прележале вирусот Ковид 19. Но, како што сподели со јавноста, вирусот воопшто не е наивен и едвај се изборил за својот живот.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

„Пред десет дена заврши моето болничко лекување од корона вирус и се вратив дома. За искуството, што да ви кажам, мора да се разбие таа фама дека има правила, дека младите и здрави луѓе лесно го пребродуваат, а на удар се само старите и болните. Од сопствено искуство и од она што го видов на клиника, стереотипот не важи за вирусот“, откри пејачот за „Фокус“.

Маркетинг

Пејачот откри дека сега се чувствув многу подобро, но дека ќе му треба време за да се врати на старо, затоа што болеста си го направила своето.
„Многу лекарства примив, бев хоспитализиран првин на одделение во Осми Септември, а потоа и на клиниката Аџибадем Систина, бидејќи мојата состојба беше крајно сериозна.
Целиот живот сум бил здрав како дрен, не верував дека вирусот може така да ме покоси… Од друга страна пак, мојата мајка која има 82 години, која е со хронично срцево заболување, помина со лесно. Поради годините, би рекол, таа едвај стоеше на нозе, јас одев да ја негувам пред да се инфицираме. Но, за среќа, нејзините симптоми беа лесни. Не знам дали е тоа бидејќи таа целиот живот беше здрава, дури и сега на овие години има добра крвна слика, кој би можел да каже? Поентата ми е дека мора да се разбие фамата, дека ако си млад, лесно ќе заздравиш. Нема тука правила“, кажа Грујовски.

Маркетинг
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Тој истакна дека во болницата имало хоспитализирано и помлади од него и апелираше до сите граѓаните максимално да се заштитат и да се чуваат себеси и своите семејства.
Пејачот инаку е активен и на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии и од приватноста.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Тој веќе долго години плови во среќен брак со својата сопруга Ирена, за која можеби малкумина знаат дека е 20 години помлада од него. Ирена и Благоја го имаат и синот Марко.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Ова е втор брак за пејачот. Тој претходно беше оженет со презентерката Татајана Стојановска со која го има синот Матеј.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

И покрај разводот пред повеќе од една деценија, тие останаа во добри односи, комуникација и пријателски расположени еден кон друг.
Она што најмногу ги врзува е нивниот син, кој порасна во прекрасно момче.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Ретки се оние кои знаат дека Благоја иако е пејач, по професија е новинар.
Тој е син на познат автор и истакна музички деец Мате Грујовски, а воедно е и претседател на Здружението на естрадни уметници на Македонија.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Она на што можат да му позавидат и жените е физичкиот изглед. За Благоја како времето да запрело. Тој изгледа идентично како и на почетокот на кариерата, изгледа како воопшто да не старее.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

А, како што самиот изјави во интервју за Свет Австралија, тајната за неговиот изглед се крие во умереноста.
„Умереност, во секоја смисла. Во исхрана, физичка активност, во пороци, во забава и комуникација, во мислење и емоции, однесување, амбиции и очекувања“, изјави тој.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Што се однесува до тоа дали неговата сопруга е љубоморна што постојано е во друштво на убави девојки тој вели дека има убав соживот со своите колеги и колешки кои ги доживува како браќа и сестри, па неговата сопруга не е љубоморна и добро ја разбира професијата што ја работи.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Tags

Поврзано

препорака
Close
Back to top button