Благоја Грујовски пресреќен, објави преубава вест – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Новост што израдува многумина
Неочекувана соработка
Познатиот фолк-пејач Благоја Грујовски деновиве на социјалните мрежи сподели вест што ги израдува неговите фанови.
Имено, Благоја со задоволство откри дека започнува соработка со новиот бенд на маестро Јане Рафаиловски со кого соработува долги години. Покрај познатиот пејач и македонскиот виртуоз на саксофон и кларинет, во оваа „тајфа“ се и Нико Сребров, Тимко Чичаковски и Дамјан Василевски, а веќе го снимија и нивниот прв музики коктел со Сузана Гавазова и Боби Павловски.
Благоја и Јане соработуваа веќе 15 години и познатиот саксофонист и кларинетист е автор на неколку песни на Грујовски.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Јане е автор и на извонредното дело „Превез од сништа“ кое исто така ќе можете да го слушнете на крајот од овој текст.
„Со задоволство го објавувам почетокот на заедничката работа со новиот бенд на маестро Јане Рафаиловски со кого соработувам веќе 15 години. Во оваа екипа се извонредни професионалци – Нико Сребров, Тимко Чичаковски и Дамјан Василевски. Деновиве го снимивме и првиот проект, музички коктел во кој учествуваат и нашите добри пријатели со кои исто така имаме долгогодишна соработка, нашата фолк дива Сузана Гавазова и популарниот Боби Павловски“.
Принтскрин/ Јутјуб
„Со оваа песна ви посакуваме убав ден, напиша Грујовски на Фејсбук и сподели снимка од песната „Запеј Македонијо“, ремек-дело од 1967 на македонскиот музички великан Стево Теодосиевски, а своевремено изведено од кралицата на ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска и легендарниот Крсте Китановски.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Повеќе од сигурни сме дека овие песни со брзина на светлината ќе дојдат до срцата на публиката, а како звучат уште неколку нивни најнови изведби, погледнете и слушнете во продолжение…
Бонус видео
Јане Рафаиловски – Превез од сништата